Скопје
Меџити: Грижата за пензионерите е приоритет, обезбедивме нов простор и конкретна поддршка

Kандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет
Меџити го посети Здружението на пензионери каде се сретна со нивни
претставници кои дале незаменлив придонес во изградбата на општеството
во нашата земја.
„Оваа посета има посебно значење за мене. Не сум тука само да слушам,
туку да покажам дека ветувањата се реализираат“, изјави Меџити,
нагласувајќи ја важноста на конкретната поддршка за возрасните лица.
Во рамките на посетата, тој информираше дека Здружението на пензионери
веќе користи дополнителен простор за дневни активности, како дел од
заложбите оваа категорија граѓани да биде поактивно вклучена во
општествениот живот.
Меџити потсети дека во текот на оваа година, поддршката од Владата за
пензионерите е видлива, со зголемување на пензиите како директна мерка
за подобрување на економската сигурност на повозрасните граѓани.
Од 1 октомври е реализирано ново зголемување, а со најавеното
зголемување во март, пензионерите ќе добијат вкупно 7.000 денари
дополнително, што претставува значаен чекор кон подобрување на нивниот
животен стандард.
„Грижата за пензионерите е клучен дел од мојата политичка програма. Ќе
продолжиме да инвестираме во просториите, услугите и благосостојбата на
пензионерите. Зашто една добра општина се мери и по тоа како се грижи за
своите највозрасни“, истакна Меџити.