Општини
Коњановски: Реката Драгор добива ново лице, спој на традиција и модерност

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.
Со овој проект не само што ја заштитуваме реката и околината, туку создаваме простор кој ќе нè обединува. Реконструираните мостови и новите пешачки патеки ќе овозможат полесно и побезбедно движење, ќе го поврзат градот од сите страни и ќе ја зајакнат неговата функционалност.
Дополнително, поставувањето на современо, енергетски ефикасно осветлување, ќе овозможи Драгор да биде жив и безбеден дел од градот и во текот на ноќта.
Вистинскиот избор е Драгор да добие поинакво руво и да биде доказ дека традицијата и современите решенија одат рака под рака!
октомври 4, 2025