Connect with us

Општини

Божинов: Владата има слух за општините, Ново Село забрзано се развива

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов вечерва во гостување на Алфа телевизија во емисијата „За или против“ истакна дека во општините каде што биле градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за време на владеењето на СДС имало тотална негрижа за доброто на граѓаните и дека СДС водела осветничка политика, со што тогашната централна власт не одвојувала никакви средства и помош за општините, се посочува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА интегрално го пренесува. 

„Три години бевме градоначалници додека на власт беше СДС којашто граѓаните затоа и ја сменија од власт, не се грижеше за доброто на граѓаните, туку се водеше некоја осветничка политика и ние сите градоначалници коишто бевме од ВМРО-ДПМНЕ, апсолутно никакви средства и никаква помош не добив од тогашната централна власт. Се мачевме со и така малиот буџет за нашата општина, но тоа не ме демотивираше ,ме мотивираше да донесам повеќе донации за општината од странските дипломатски претставништва и од учеството на меѓугранични проекти“, рече Божинов.

Божинов објасни дека претходната власт не одобрувала никакви средства за изградбата на филтер станицата во Сушица, но и покрај тоа општината преку кредит успеала да ја изгради и како резултат на тоа граѓаните денес пијат чиста вода.

„Претходната власт 20 месеци предметот го држеше во фиока, не одобруваше никакви средства, истиот пример беше и со водоводот во Самоилово, но упорноста и решителноста дека за овие граѓани мора да добијат чиста и здрава вода за пиење, успеавме да изменаџираме да дојдеме до кредитирање, зеде општината кредит и успеавме да ја изградиме целосно новата филтер станица во Сушица и нашите сограѓани веќе пијат чиста вода“, рече Божинов.

На крајот Божинов потенцираше дека општината благодарение на унгарскиот кредит забрзано се развива, и набори дел од реализираните проекти од првиот и вториот јавен повик.

„Сега работиме од унгарскиот кредит и на други 9 проекти коишто се и те како важни, во првиот повик од текот на 2024 година ја започнавме изградбата на пешачката и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево во должина од 5км, проект којшто доколку го работевме од општината ќе требаше 10 години да го финансираме етапно, фокусирани сме на развој и подобрување на условите за индустриските капацитети каде што ќе има асфалтирање во неколку индустриски зони,  добивме средства и за изградба на целосно нова спортска сала во Колешино, Владата имаше слух ни го одобри, потпишавме договор и за некој ден ставаме камен-темелник. Во изминативе четири години успеавме да асфалтираме 12км патишта, со домаќинско менаџирање на општинските средства успеавме да изградиме седум нови спортски игралишта, се фокусиравме и на спортската сала којашто веќе сега станува спортски комплекс Христо Татарчев, успеавме да ја завршиме филтер станицата во Сушица, но и во секое насленето место инвестиравме во многу проекти“, дециден е Божинов.