Општини
Во Штип почна „Текстилијада 9“

Почна „Текстилијада 9“ во Штип, а на првата дебата се зборуваше за предизивиците во текстилната индустрија, се бараат решенија за надминување на состојбата во која се наоѓаат текстилните работнички. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека една од целите е модернизација на приватниот сектор, економски раст и развој.
-Оваа дебата е токму за тоа – модернизација на приватниот сектор, економски развој и раст. Се надевам дека ќе се разговара, за да видиме што може и како може оваа состојба која ни се случува веќе една година интезивно, Ампева.
На дебатата присуствуваше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој посочи дека мерки има и сега кои се користат од страна на текстилните фирми. Но според него во наредниот период потребни се и нови, со цел да нема затворање на фирмите со што работниците би останале на улица.
-Во наредниот период ќе се обидеме заедно во договор со стопанските комори, посебно со текстилните компании да видиме какви мерки да понудиме подобри со цел овие компании повеќе да опстојуваат во Македонија, бидејќи гледате дека текстилната индсутрија не само во Македонија, туку и насекаде на балканот и пошироко во Европа и светот под удар. Ние имаме активни мерки, активните мерки од економија кои ги користат сите компании. Меѓутоа ги користат и текстилните компании, од она што го собрав како податок од министерството за економија осум текстилни компании на ниво на Македонија, веќе ги користат тие активни мерки, вели Ристески.
„Текстилијада 9“ е настан од интернационален карактер, а денеска и утре ќе се реализираат дебати, форуми, визуелна изложба, литературен конкурс.
октомври 3, 2025