Connect with us

Кошарка

НБА: Јовиќ уште четири години во Мајами за 62.5 милиони долари

Српскиот кошаркар Никола Јовиќ го продолжи договорот со НБА лигашот Мајами за уште четири години, вреден 62,4 милиони долари, јавија американските медиуми, повикувајќи се на неговите менаџери.
Јовиќ беше 27 избор на драфтот во 2022 година и оттогаш одигра 107 од можни 246 натпревари во дресот на мајами. Минатата сезона ја заврши со просек од рекордни во кариерата 10,7 поени по натпревар во кариерата, ноодигра само 46 натпревари, откако на крајот на февруари ја скрши коската на десната рака.
Српскиот репрезентативец дебитираше за Мајами на возраст од 19 години и 139 денови, со што е втор најмлад кошаркар во историјата на франшизата, зад Дорел Рајт.