Connect with us

Култура

Меѓународниот ден на музиката одбележан со настан во Европската куќа Крива Паланка

Со настан во организација на ментор Лариса Жулина Митовски, професорка по музичко, во Европската куќа Крива Паланка беше одбележан 1 Октомври, Меѓународниот ден на музиката.

-Музиката е јазик што сите го разбираме, нè поврзува, инспирира и ни го прави светот поубав. По повод вчерашниот меѓународен ден на музиката, учениците од нашето училиште подготвија презентација за историјата на празникот, како и интересни факти и цитати за музиката. Се запознаа и со музичката карта за движење, која претставува одлична интерактивна алатка за учениците, бидејќи на забавен и креативен начин им овозможува да ја доживеат музиката преку движење и игра. Во рамките на настанот учениците одржаа мини – концерт, свиреа и пееја заедно, создавајќи атмосфера исполнета со радост и хармонија, информира професорката Жулина – Митовски, наставник – ментор во основното општинско училиште „Свети Јоаким Крчовски” во Крива Паланка.

Викендов што измина, наставници од ООУ „Св.Јоаким Крчовски” учествуваа на „Едуконференција 2025″ во Струга, која обедини повеќе од 350 наставници и експерти од областа на образованието и технологијата, каде имаа можност да присуствуваат на предавања од меѓународни и локални експерти за вештачка интелигенција, како и на презентации што ја нагласуваат нејзината практична примена во наставата.

Конференцијата со наслов „Unlocking AI: Innovate, Integrate, Inspire!“ беше организирана од Невладината организација „Пријатели на образованието“, со институционална поддршка од Педагошкиот факултет при Универзитетот во Тетово и други педагошки факултети од земјава.