Connect with us

Скопје

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника

Почитувани граѓани на општина Бутел, заедно со носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Никола Божиновски, сакаме да ви соопштиме една многу убава вест.

Распишана е тендерската постапка за нова модерна поликлиника на територија на општина Бутел.

Срамниот објект позади нас, таканаречената модуларна амбуланта ќе замине во историја.

Граѓаните на општина Бутел ќе добијат здрвствена заштита од примарно и секундарно здравство, што навистина е барање коешто веќе го чекаат со децении.

За сето ова, за како ќе изгледа модерната поликлиника, имаме изработено и 3Д анимација и ќе ми биде задоволство доколку ја погледнеме заедно.