Connect with us

Скопје

Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Образованието е темелот на силна и успешна иднина, затоа градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево.

Нашите деца веќе добија современи спортски сали во Стајковци и Булачани, простории каде растат здрави и успешни генерации.

Но тука не застануваме, во следните четири години ќе изградиме нови спортски сали во Железара, Ченто и Страчинци.

Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата општина.

Не ветуваме туку, градиме и реализираме.

Јас сум твојот човек, во општината.