Општини
Се појави и Заев: Во Струмица претставени кандидатот за градоначалник и советничката листа од СДСМ

Во обраќањето Даскаловски истакна дека на овие избори Струмица е пред избор-дали ќе продолжи со успешната приказна или ќе ја скршат и ќе ја вратат назад.
-Ќе започнеме нова урбана револуција, нови улици, нови водоводи, канализации и паркови. Ќе вложиме во младите, нови спортскин терени, културни проекти иновациски центри. Ќе се грижиме за највозрасните, ќе го поддржиме локалниот развој со субвенции, модернизација и вистинска грижа. Ќе ја дигитализираме Општината, сите граѓани да имаат брз и ефикасен метод на добивање потребни документи и информации. Ќе ја модернизираме целата структура за делот за најмалите, а тоа се градинките. Отворена, директна линија до градоначалникот за лесна комуникација. Енергетски ефикасни градинки и училишта, зелена Струмица, рече кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Струмица, Марјан Даскаловски.
Носителот на советничката листа, Миле Гогов подвлече дека политиката не смее да биде простор за суети и лични интереси, туку место каде се донесуваат одлуки кои го менуваат животот на луѓето.
На конвенцијата присуствуваше и поранешниот македонски премиер, лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица во три мандати, Зоран Заев со сопругата Зорица.
октомври 2, 2025