Скопје
Меџити: Улицата „5 Мај“ кај комплексот „Чаирчанка” е целосно трансформирана

Улицата „5 Мај“ кај комплексот „Чаирчанка“ е целосно трансформирана, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.
Улицата „5 Мај“ кај комплексот „Чаирчанка“ е целосно трансформирана, изјави кандидатот за нов мандат на чело на Општина Чаир, Изет Меџити, кој лично ги следеше завршните работи на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Чаир, асфалтирањето на улицата која го поврзува комплексот „Чаирчанка” со главната патна мрежа.
Овој проект, во вредност од 5 милиони денари, има за цел подобрување на сообраќајот, зголемување на безбедноста и поттикнување на економскиот развој во овој дел од општината“, изјави Меџити, додавајќи дека проектот е дел од визијата за модерна инфраструктура и пофункционален Чаир.
Меџити нагласи дека преку оваа инвестиција, Серава сè повеќе се консолидира како атрактивна зона за живеење и за водење бизнис, со што се подобрува квалитетот на живот на жителите и се создаваат поволни услови за локален економски развој.
октомври 2, 2025