Connect with us

Скопје

Меџити: Чаир ќе има ново модерно училиште, образованието ќе биде врв на нашите приоритети

Во рамките на претставувањето на приоритетните проекти за иднината на Чаир, кандидатот за градоначалник од коалицијата ВЛЕН, г. Изет Меџити, денес го објави големиот план за изградба на ново модерно училиште во населбата Тенеќе Маало.

Меџити истакна дека образованието е клучот на иднината и дека секое дете во Чаир заслужува достоинствени услови за учење и напредок кон успехот. Новиот проект ќе создаде простор за околу 1300 ученици, во објект со површина од 4700 квадратни метри, составен од 54 училници, 8 кабинети и 2 современи лаборатории.

„Ова училиште ќе функционира само во една смена и ќе се претвори во вистински простор за развој и гордост на Чаир“, изјави Меџити.

Понатаму, Меџити најави и изградба на нов објект на училиштето „Иднина“, нагласувајќи дека овие инвестиции ќе го зголемат бројот на модерни училишта во Чаир на вкупно 11. Ова ќе создаде еднакви и достоинствени услови за секој ученик, отворајќи го патот кон конечната цел, настава само во една смена и целодневна настава во сите училишта на општината.

„Како иден градоначалник на Чаир, се обврзувам дека образованието и нашите деца секогаш ќе бидат на врвот на нашите приоритети. Чаир заслужува повеќе. Со нашата решителност, со вашата поддршка и со јасната визија за иднината, заедно ќе го направиме тоа реалност“, го заврши своето обраќање Меџити.