Connect with us

Скопје

Лукровски: Во Карпош ќе се формира ЈП ,,Карпош план“ со цел ревизија на сите урбанистички планови

Стоп за бетонизацијата во  Карпош.

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денес сме овде со една јасна и силна порака, на Карпош му е доста од бетонизација. Нашата општина, која со години важеше за пример на хумано и квалитетно живеење, денес е под притисок на непланска градба, урбанистички решенија кои ја гушат секоја населба.

На Карпош му е доста од градби кои го одземаат зеленилото и создаваат бетонски џунгли.

На Карпош му е потребна хумана урбанизација, со рамнотежа меѓу домувањето зелените површини, инфраструктурата, јавниот интерес.

Јас велам НЕ,за дуповите за мерка на урбаната мафија и не за пренатрупување на нашите населби.

Досега видовме како интересите на мал број инвеститори беа ставени  пред интересот на граѓаните. Сведоци сме како паркови, игралишта исчезнуваа, а на нивно место никнуваа згради.

Луѓето од Карпош живеат во страв, дека паркот пред зградата, дека дрвото до нивниот влез, дека просторот за нивните деца, ќе стане само уште една нова градежна парцела.

Јас Сотир Лукровски, ви ветувам дека тоа ќе престане. Како идно раководство на Општина Карпош ќе направиме неколку клучни чекори.

Под прво, целосна ревизија на сите детални урбанистички планови, дупови.

Секој план што е донесен спротивно на јавниот интерес ќе биде вратен и преиспитан.

Формирање на ЈП ,,Карпош план“ кое ќе биде по целосна контрола на општината и граѓаните и ќе изработува планови во интерес на хуманата урбанизација, а не по нарачка на некој.

Ви давам гаранција дека ќе го штитам јавниот интерес, граѓаните и  нема повеќе да се плашат дека паркот пред нивната зграда, игралиштето или малото парче зеленило ќе прерасне во нова зграда.

Гарантирам, отворен процес на консултации со жителите, и ниту еден план нема да се носи без транспарентна дебата и директна вклученост на оние што живеат во таа населба.

Карпошани заслужуваат чист воздух, зеленило, простор за децата, и мирен живот на своите маала. Не заслужуваат хаос. Не заслужуваат бетони и уништување на се што е вредно околу нас.

Драги мои Карпошани, ова не е само урбанистичко прашање.

Ова е прашање за квалитетот на нашите животи и за сите нас.

Затоа, денес јасно и гласно кажуваме, стоп за бетонизацијата! Време е Карпош повторно да стане симбол на убаво здраво и хумано живеење.