Скопје
Костовски: Реконструиравме 102 улици во вредност од 320 милиони денари

ИЗГРАДИВМЕ 102 УЛИЦИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 320 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!
Изминаа четири години откако ми ја дадовте довербата да ја раководам општина Бутел.
Четири години исполнети со многу работа, труд и посветеност.
Ги менуваме работите од корен, за да обезбедиме пристојни услови за живот на сите граѓани.
Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес.
Вложивме во нова патна инфраструктура како никогаш до сега! Асфалтиравме 102 улици во вредност од 320 милиони денари.
Ветив пред граѓаните на Општина Бутел и денес по изминати четири години можам гордо да кажам дека ветувањата се исполнуваат и општина Бутел се менува!
Општина Бутел е наш дом, наша сегашност и наша иднина!
Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење!
Заокружи број 9 за сигурна иднина.
октомври 2, 2025