Connect with us

Општини

Костадинов: Стипендии за учениците и поддршка за млади спортисти од Чешиново-Облешево

Поддршка за спортот и здравиот живот мора да биде една од клучните и приоритетни заложби за работата на идниот градоначалник. Мотивиран сум од потребата за нашите најмали, да им создадеме услови за непречен и успешен спортски живот.

Едно е јасно, спортот прави младите да се развиваат и растат здраво и далеку од пороците и лошите навики.

Нашиот избор се спортски терени наместо казина, фитнес центри наместо сомнителни и небезбедни ноќни клубови.

Со домаќинско планирање на средствата од буџетот на Општината, како иден градоначалник на општината Чешиново-Облешево, ги помагаме сите спортски клубови во општината, ги одржуваме постоечките спортски терени и ќе градиме спортски игралишта за сите населени места.

Илинденските спортски игри, ќе ја прераснеме во манифестација како во едно убаво минато и ќе биде една од најсветлите спортски моменти пред и за празникот Илинден.

Меморалниот турнир во мал фудбал, Андреј Митев, ќе се одржува во Облешево, ќе биде под покровителство на општината, а теренот на кој што се одржува овој турнир  ќе добие нови и модерен изглед.

Турнирот во одбојка во Чешиново и генерациските турнири во мал фудбал во Спанчево и Соколарци ќе добиваат организациска и финансиска поддршка од Општината.

Во Чифлик, Бања, Уларци и Теранци и Кучичино , ќе ги модернизираме  ќе ги осветлиме постоечките спортски терени во училиштата. Во Бурилчево и Жиганци ќе изградиме мини фитнес паркови .

Возобновување и враќање на ракометниот клуб Старк во спортската сала во општината.

Во соработката со професорите од двете основни училишта, ќе формираме тимови за откривање на млади таленти, од сите спортови и ќе овозможиме стипендии и помош за овие деца.

Поддршка и плаќање котизација за секој спортски клуб што ќе формира фудбалска школа, за да се натпреварува во било која дисциплина и генерација.

Направете го вистинскиот избор, Чешиново-Облешево ќе биде повторно спортска општина.