Скопје
Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки

Сите ние родители сме поминале во еден период во животот кога сме имале мака со запишување на дете во детските градинки. И јас како родител сум ја имал истата ситуација и затоа сериозно му пристапувам на проблемот и работам во континуитет да ги подобрам условите за сместување и да ги зголемиме сместувачките капацитети во нашите градинки.
Денес имаме една многу убава вест,
Нова детска градинка во Дексион. Проект којшто го најавувам подолго време, а денеска го потпишав Договорот, почнуваме со изградба веднаш. Покрај оваа детска градинка, во моментов ја градиме и детската градинка во Стопански двор, тоа е во напредната фаза.
Со тоа го зголемуваме капацитетот за сместување за дополнителни најмалку 220 деца, на ниво на општината Ѓорче Петров.
Дополнително, во нашата изборна програма ветувам изградба на уште три детски градинки, вкупно 5 детски градинки во наредниот мандат. Две во населбата Диво Маало, и во близина на Македонска војска и една за жителите на населбата Александрија.
Децата ни остануваат во фокусот, и грижата за најмалите и понатаму ќе биде приоритет број еден за да ги надминеме проблемите коишто ги имаме и за идните генерации да не го поминуваат истиот пат низ кој што сме оделе ние.
октомври 1, 2025