Општини
Македонија и Словенија заедно за нови стандарди во спасувањето

Инструктори од Националните служби за спасување на планина од Македонија и од Словенија изминатиот викенд во Охрид разработуваа нови техники за спасување лица од тешко пристапен терен.
Станува збор за активност што се спроведува благодарение на добрата соработка на двете служби, иницирана во рамки на веќе воспоставената практика на средби за зближување и размена на искуства од процесите за обука на спасувачи во двете земји.
На агендата на средбата посебно внимание беше посветено на новата типизирана техника за спасување што која од февруари оваа година официјално се применува во Словенија. Станува збор за „револуционерен“ пристап што значително ги поедноставува процедурите при интервенции на комплексен терен, со што се намалува потребната опрема, а истовремено се зголемува ефикасноста и безбедноста на спасувачите. Дополнително, новата техника овозможува обуките да се организираат и спроведуваат на поедноставен начин, при што кандидатите за спасувачи во пократок временски период стекнуваат високо ниво на знаење и практични вештини, што директно придонесува за поголема подготвеност и квалитет во реални услови.
Гостите од Словенија беа сместени во Планинска куќа „Спиридон“ на Галичица и во Оперативниот и тренинг центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Инструкторите од Словенија со пофални зборови за изгледот и функционалноста на објектите со кои работат и управуваат волонтерите од „Ohrid red cross – Mountain Rescue Service“ и Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.
октомври 1, 2025