Кошарка
Куминга за уште две години го продолжи договорот со Голден Стејт

Кошаркарот на Голден Стејт, Џонатан Куминга, потпиша нов двегодишен договор со НБА лигашот од Сан Франциско, јавија американските медиуми.
Новиот договор, за кој двете страни, преговараа два месеци, е во вредност од 48,5 милиони долари.
Голден Стејт му понуди на 22-годишниот крилен играч тригодишен договор вреден 75 милиони долари, но Куминга се одлучи за двегодишен договор за да има „поголема контрола врз неговата иднина со Вориорс“, објави телевизијата ЕСПН.
Куминга беше избран од Голден Стејт како седми избор на НБА драфтот во 2021 година, а една година подоцна ја освои шампионската титула.
октомври 1, 2025