Connect with us

Култура

Изложба на Кирил Гегоски во КИЦ Тирана

Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана отворена е изложба на големиот македонски сликар Кирил Гегоски.

Изложбата се реализира во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија, под кураторство на Горанчо Ѓоргиевски и е поддржана од македонското Министерство за култура и туризам.

На свеченото отворање се обратија вршителот на должноста македонски амбасадор во Тирана, Љуфтим Спахиу и директорката на КИЦ -Тирана Ема Попивода. 

На изложбата присуствуваа и директорот на Националната галерија Али Синани, програмскиот координатор Маја Крстевска, како и други вработени во галеријата.

Ѕидовите на КИЦ на Македонија во Тирана ги краси дел од 50 – годишното творештвото на Кирил Гегоски, кое како што кажа и самиот автор, со својата убавина имаат за цел да ја пренесат радоста со која ги создавал своите дела – до посетителите.

-Културните настани значајно придонесуваат за афирмација на нашата култура и уметност, поттикнуваат меѓународна размена и соработка и го зајакнуваат нашиот идентитет. Бројната посетеност на настанот сведочи за успешното претставување на нашиот културен центар, но и за значајното културно – уметничко богатство на нашата земја, кое е препознаено и надвор од нашите граници, информираа од КИЦ.

Изложбата е отворена до 10-ти октомври.