Connect with us

Скопје

Филипче: Александар Трајановски е човек со визија и докажан професионалец, верувам дека граѓаните на Општина Аеродром тоа ќе го препознаат

Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на општината заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, д-р Александар Трајановски и кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова.

-Денеска сме во посета на Општина Аеродром заедно со нашиот кандидат доктор Александар Трајановски и нашата кандидатка за градоначалник на Скопје Каја Шукова. Сакам да кажам дека е пријатно да се биде во Аеродром. За жал, оваа општина наместо да биде урбана, средена така како што доликува, изгледа на една голема депонија, ѓубре насекаде контејнерите, корпите искршени, ѓубре на зелените површини. Ниту едно ветување неостварено прво од страна на Тимчо Муцунски кој што избега од општинава, понатаму на неговиот наследник Дејан Митевски кој што стварно не знам како може да се кандидира и да ветува некакви работи кога сега општината не му е апсолутно никако средена. Нема содржини за млади. Нема нова урбана опрема, старата е искршена. Општината не личи буквално на ништо, вели Филипче.

Тој истакна дека нивниот кандидат за градоначалник Трајановски  нуди визија за општината за која очекува граѓаните да го дадат својот глас.

-Го предлагаме Александар Трајановски за кандидат за градоначалник, човек кој што има своја визија, кој е докажам професионалец што и да работел, дека знае да сработи и да изменаџира и верувам дека граѓаните на Општина Аеродром тоа ќе го препознаваат и ќе го дадат гласот за да имаат конечно средена, чиста општина така како што заслужуваат, вели Филипче.

Тој ги повика сите граѓани утре да присуствуваат на централниот митинг пред спортската сала „Јане Сандански“ во Аеродром со почеток од 20 часот.