Connect with us

Култура

Театар-Штип: Пеце Ристевски ја доби наградата најдобар актер на Фестивалот „Отело“

Актерот и в.д директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Пеце Ристевски ја доби наградата за најдобар актер на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар, информираат од штипскиот театар.

-Со големо задоволство ве информираме дека НУЦК “Ацо Шопов“ – Театар Штип на 23.09.2025 година учествуваше на престижниот Меѓународен театарски фестивал „Отело“ во Гостивар со претставата „Пијани – литургија зеро“ од Иван Вирипаев, а во режија на Дејан Пројковски.Нашиот актер и в.д. директор Пеце Ристевски ја освои наградата за Најдобар актер на фестивалот за својата извонредна изведба во оваа претстава, се вели во соопштението на Театар-Штип.
Во него се посочува дека ова признание претставува голема чест за Театар-Штип и е потврда за уметничкиот квалитет кој континуирано го негува ансамблот.