Connect with us

Свет

Дваесет повредени во судар меѓу два автобуса во Хамбург

Дваесет лица, меѓу кои и деца, се повредени во судир меѓу два автобуса во Хамбург денеска, соопшти противпожарната служба, цитирана од ДПА.

Четири лица се тешко повредени, а 16 други имаат полесни повреди, се вели во соопштението.

Вкупно девет лица се однесени во болница, меѓу кои четири деца со полесни повреди и бремена жена која е во сериозна состојба. Медицинските служби им пружиле помош на другите повредени на местото на настанот.

Причината за несреќата сè уште се истражува.

Локалните медиуми во Хамбург објавија дека еден од автобусите превезувал ученици од основно училиште.

Се верува дека сударот е предизвикан откако еден од двата автобуси забавил и бил удрен од другиот автобус одзади. Возилото на задната страна имало сериозни оштетувања на предниот дел и скршен панорамски прозорец.