Connect with us

Вести

Јавен повик на ДИК за едукација на претставници на граѓански организации кои ќе ги набљудуваат изборите

Државната изборна комисија (ДИК) упати јавен повик за едукација за процесот на набљудување на изборите од страна на граѓански организации кои ќе изразат интерес да ги набљудуваат Изборите за градоначалници и членови на советите на општините и Градот Скопје, 2025 година.

Организацијата на обуката е дел од Програмата за едукација на други чинители во изборниот процес за 2025 година, на Државната изборна комисија.

ДИК ги повикува сите заинтересирани граѓански организации кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права и кои изразуваат интерес да ги набљудуваат претстојните избори, да учествуваат на обуката организирана од страна на Државната изборна комисија.

Секоја граѓанска организација може да номинира најмногу двајца претставници кои ќе учествуваат на обуката. Во пријавата треба да се достави име и презиме на лицата кои ќе присуствуваат на обуката, мејл адреси и контакт телефонски броеви.

Обуката ќе се одржи на 03 октомври 2025 година (петок), од 10:00 до 12:30 часот во Хотел Парк (конференциска сала Њу Јорк), Скопје.

Заинтересираните граѓанските организации треба електронски да ги пријават своите претставници за обуката, на следната контакт адреса: observers@ sec.mk,  најдоцна до 30 септември 2025 година.

Бројот на учесници на обуката е ограничен на 30 учесници. 

Обуката ќе се одржи на 3 октомври 2025 година (петок), од 10:00 до 12:30 часот во Хотел Парк (конференциска сала Њу Јорк), Скопје.