Општини
Благ пораст на респираторни инфекции во Куманово

Пониските утрински температури го зголемија обемот на работа на инфективното одделение во Куманово, соопштија денеска лекарите од здравствената установа-општа болница Куманово. Пациентите се жалат на симптоми главоболка, температура, малаксаност.
– Се наоѓаме во преоден период во кој полека се намалуваат температурите, настапува, период на дождови. Во овој период карактеристични се риновирусите. Пониските температури и влажноста на воздухот, намалување на денот,а со тоа и изложеноста на сончева светлина го производството на витаминот Д, важен за имунолошкиот систем. Пациентите се жалат на главоболки, течење на нос, зголемена температура, општа малаксаност, изјави началничката на инфективното одделение од кумановската општа болница, д-р Валентина Џартовска.
Лекарите препорачуваат поголема физичка активност надвор, храна богата со витамини и минерали, овошје, зеленчук и одржување на хигиена.
-Треба да се одржува физичка активност, да не се затвораат луѓето дома и влажниот воздух придонесува за задржување на вирусите подолго време во просторот и затворање дома исто така, и поголемата можност од респираторни инфекции во кои спаѓаат и овие, така што проветрување дома, избегнување на блиски контакти-објаснува д-р Џартовска.
При зголемен контакт во затворени простории, ќе се шират и останатите вируси, меѓу нив и грипот кој ќе го достигне својот пик во зимските месеци.
септември 29, 2025