Connect with us

Фудбал

Ал Итихад му врачи отказ на Блан

Саудискиот фудбалски прволигаш Ал-Итихад го отпушти денеска тренер Лоран Блан, ден по поразот од Ал-Наср.

Французинот го презеде клубот во јули минатата година и ги предводеше до двојна круна, освојувајќи го купот и титулата во саудиското првенство.

„Ал Итихад го раскина договорот со главниот тренер на првиот тим Лоран Блан, како и со неговиот персонал. Во процес сме на барање нов технички тим кој одговара на амбициите на клубот“, соопшти саудискиот клуб.

Блан не успеа да ги преслика успесите на Ал-Итихад од минатата сезона во новата, во која претрпе елиминација во полуфиналето на саудискиот Суперкуп, а во првенството е третопласиран на табелата во лигата, три бодови зад лидерот Ал Наср.