Свет
Украина им забрани влез на тројца високи унгарски воени функционери

Украина денеска им забрани влез на тројца високи унгарски воени претставници, како одговор на слични одлуки на Будимпешта.
– Воведовме забрана за влез на тројца високи унгарски воени претставници. Унгараија за секој чин на непочитување ќе добие адекватен одговор, посебно за непочитување на нашата армија, објави на платформата Икс, шефот на украинската дипломатија Андриј Сибига.
Унгарија, еден од ретките сојузници на Москва во Европа од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, во август го прогласи високиот украински офицер, Роберт Бровди за „персона нон грата“.
Будимпешта обвини воен офицер, кој е од унгарското малцинство во Украина, за нарушување на снабдувањето со руска нафта со напад врз рускиот гасовод „Дружба“.
Украина изминатите месеци ги интензивираше нападите врз руските енергетски објекти, обидувајќи се да го наруши својот извоз и да ги намали приходите што ги генерираат, кои Москва ги користи за финансирање на војната против Украина.
Во јули, Унгарија, исто така, им забрани на тројца украински воени функционери влез во земјата по смртта на лице со унгарски и украински пасош. Според Будимпешта, припадници на украинската армија го претепаа жртвата до смрт.
Украина, која има малцинство од унгарско потекло во нејзиниот западен пограничен регион, ги отфрли обвинувањата.
Унгарија одбива да му пружи воена помош на својот сосед, ги одложува преговорите за приклучување кон Европската Унија и редовно се обидува да го блокира усвојувањето на санкциите на ЕУ против Русија.
септември 27, 2025