Фудбал
Пелегрини сака да остане на клупата на Бетис

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, сака да остане во шпанскиот прволигаш и да го продолжи договорот, објави денеска весникот „Естадио Депортиво“.
Според истиот извор, 72-годишниот чилеански стратег чека информации од раководството на клубот околу евентуално продолжување на соработката.
Пелегрини е на клупата на Бетис од 2020 година, а неговиот договор е со важност до 30 јуни 2026 година.
На 263 натпревари под негово водство, Бетис има 123 победи, 68 нерешени и 72 порази.
Претходно оваа недела, Бетис одигра нерешено 2-2 со Нотингем Форест во воведното коло од Лига Европа
Минатата сезона, тимот на Севиља загуби во финалето на Конференциската лига од Челзи 4-1.
септември 27, 2025