Скопје
Нов урбан парк во Марино во општина Илинден

Општина Илинден континуирано вложува во уредување и модернизација
на јавниот простор во сите населени места, создавајќи современи и пријатни
локации за квалитетно поминување на слободното време на граѓаните. Во таа
насока, во населеното место Марино е изграден нов урбан парк со повеќе
содржини.
Паркот се наоѓа меѓу улиците „531“, „532“ и „534“ и зафаќа површина од
околу 6.000 м². Просторот е партерно уреден, поставено е улично осветлување,
чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и пристапна
сервисна улица. Паркот е збогатен и со зелени површини, отворен плоштад
наменет за јавни настани, централна фонтана, жардињери со декоративни
растенија, како и детско игралиште опремено со современи реквизити за
најмладите.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при
увидот на плоштадот истакна дека уредувањето на јавните простори е од
суштинско значење за подобрување на условите за одмор и рекреација на
граѓаните.
Општина Илинден и понатаму ќе продолжи со активности за унапредување
на јавната инфраструктура и создавање урбано уредени простори во сите
населени места низ општината.