Connect with us

Скопје

Марковска Илиевска: Кандидатот на СДС Стевчо Јакимовски вети подземни гаражи и фонтана во Лептокарија, од тоа има само ѓубре

Се наоѓаме на паркингот во Лептокарија. Како што гледате паркингот е надземен и е истиот паркинг како кога бил направен.

Овде нема голема фонтана, ниту пак фасадите на зградите се сменети.

Овде нема ништо од планот на кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски од 4 милиони евра за Лептокарија, кој го вети во 2021 година.

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Јакимовски во 2021 година лажеше дека овде ќе биде изграден подземен паркинг, и сите возила ќе одат во подземно паркирање, а горе ќе има еден прекрасен плоштад со најубавата фонтана во Република Македонија. Ниту подземен паркинг има, ниту пак ја има најубавата фонтана во Македонија. Имаме само купишта ѓубре.

За зградите во позадина кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ветуваше дека ќе добијат нови убави фасади и целата оваа област ќе биде убаво хортикултурно аранжирана. Фасадите како што гледаме се и по 20, и по 30 години стари, од нови фасади остана само видеото на кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски со неговите шарени лаги.

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ги излажа жителите на Лептокарија и карпошани во целост.

Стевчо Јакимовски не направи ништо за Лептокарија од она што го вети. Стевчо Јакимовски лажеше 2021, лаже и сега.

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски нема капацитет да биде градоначалник.