Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити без тројца играчи на дуелот со Барнли

Екипата на Манчестер Сити утре ја очекува натпревар со Барнли од Премиер лигата. Во најавата за дуелот менаџерот Пеп Гаврдилоа истакна дека тројца играчи не се подготвени

Сепак за фановите на клубот добрата вест е дека првата ѕвезда Ерлинг Халанд ќе биде на располагање на Гвардиола. На листата на повредени се наоѓаат двете нови засилувања Рајан Аит-Нури и Рајан Шерки, како и Омар Мармуш.

Халанд е подготвен, тројцата играчи ќе отсуствуваат, додека неизвесен е настапот на Матео Ковачиќ, изјави Гвардиола.

„Граѓаните“ по пет кола имаат освоено седум бодови и заостануваат осум бодови зад лидерот и шампион Ливерпул.