Connect with us

Економија

Македонска берза: Со измени во легислативата и нови акции и обврзници до дополнителни средства за финансирање на компаниите

Перспективите на македонската и на економиите од регионот, можностите и предизвиците штои се исправени пред компаниите, развојот на пазарот на капитал, трендовите во дигиталната трансформација на компаниите, како и други теми од областа на финансиите и берзите ќе бидат во фокусот на дискусиите во рамки на 24. Конференција на Македонската берза што традиционално се одржува во Охрид.

Повеќе од 240 учесници од седум држави овие два дена ќе можат да слушнат за најновите трендови од областа на стопанисувањето со комапниите, берзанското работење, светските движења на капиталот, искуствата на другите пред 36-те предвидени интервјуа, излагања, предавања, осврти на експерти по односната проблематика.

Главниот и извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев, пред почетокот на собирот истакна дека во текот на првите три квартали од оваа година прометот на берзата е на ниво на ланската од некаде сто милиони евра што, според него, е добро постигнување.

– Ценовните движења продолжија со бавен пораст, главниот берзански индекс МБИ10 оваа година е пораснат за 2,5 проценти и расте во континуитет. Ако ја споредиме неговата вредност со онаа од предпандемискиата 2019 година, тој е пораснат за 125 проценти што е одлична перформанса. Тоа покажува дека иако живееме во време на геополитички турбуленции, одредени макроекономски предизвици, берзите и инвеститорите се резистентни и не се одразува тоа негативно врз нивноот работење, рече тој.

Штериев уште посочи дека прашањето на иницирањето нови јавни понуди и издавање нови хартии од вредност е главниот развоен предизвик и за националната и за останатите берзи во поширокиот регион.

– Нашето мислење како берза е дека за тоа е потребна координација на повеќе институции, вклучувајќи ги тука државата приватниот сектор, коморите…Треба да се стимулираа таа работа бидејќи банкарското работење кај нас е релативно лесно. Банкарскиот сектор е хиперликвиден и тоа во услови на нормални околности е доволно за компаниите. Но, компаниите треба да имат предвид дека во услови на шокови треба да има поголема капитализираност на компаниите. Оттаму, во таа насока потреебно е комбинација на едукација, стимулации, со потсетување дека не секогаш е добро да се зависи од должничко финансирање, рече тој.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, зборуваше дека државата и ресорното Министерство активно работат на заживување на пазарот на капитал во земјата, како потенцијален извор на финансии пред се за компаните кои потешко имаат пристап до традиционалното финансирање, односно до банкарскиот сектор.

– Потешко преку банкарскиот сектор се обезбедуваат финансии за иновации кои секогаш се сметаат за поризични. Токму од тие причини потпишан беше Меморандум со седум држави од регионот членки на ЕУ, со цел интегрирање на пазарите на капитал во Југоисточна Европа. Земјите-потписнички на документот ќе се обидат да координират заеднички регионален пристап во разговорите со европските институции. Тоа е значајно оттаму што македонскиот пазар иако стабилен е релативно мал, често недостасува ликвидност, а тоа е клучен фатор кога компаниите бараат долгорочни средства. Со поврзувањето на пазарите им се дава шанса на помалите и средни прептпријатија полесно да дојдат до капитал, да ја зголемат конкурентноста и да најдат партнери надвор од границите на државата. На тој начин не само што јакне пазарот на капитал, туку ја потткнуваме и економијата да расте побрзо и поодржливо, рече таа.

Во периодот што следи, како што посочи, преку промени во даночната легислатива, но и заедничко работење со Македонската берза преку издавање акции и обврзници ќе успееме да обезбедиме дополнителни средства за финансирање на компаниите.

За конференцијата во Охрид таа истакна дека е место каде се спојуваат новите знаења со искуството, каде се врши размена на искуства, се раѓаат идеи кои подоцна се претвораат во реални проекти…

Учесниците ќе можат да проследат и повеќе интересни интервјуа, а на различни теми од областа на финансиското и берзанското работење меѓу другите ќе говорат и Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ, Атила Тот – раководител на Секторот за развој на финансиски пазари и пазари на капитал во ЕБРД, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и извршниот директор на Неотел, Даме Цветковски.

На годишните конференциии на Македонската берза учествуваат стотици претставници на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во хартии од вредност. Тие се добра можност за финансиските институции да ги развиваат стратегиите во работењето, подобрување на ефикасноста, следење на светските текови и трендови.