Connect with us

Свет

Мајкрософт го ограничува пристапот на израелската војска до некои услуги и вештачка интелигенција

Мајкрософт повеќе не обезбедува некои услуги и вештачка интелигенција на израелското Министерство за одбрана, изјави синоќа претседателот на компанијата Бред Смит.

Компанијата изјави дека сака да осигури дека услугите на Мајкрософт не можат да се користат за масовно набљудување на палестински цивили.

-Ние не обезбедуваме технологија за олеснување на масовното набљудување на цивили. Го применуваме овој принцип во секоја земја во светот и постојано го браниме повеќе од две децении“, напиша Смит.

Одлуката доаѓа откако британскиот весник „Гардијан“ објави информација на 6 август дека оддел на израелската војска ја користи платформата „Азур“ на Мајкрософт за складирање на податоци од телефонски повици. Објавувањето вели дека информациите се собрани преку масовно набљудување на цивили во Појасот Газа и на Западниот Брег.

Мајкрософт во тоа време изјави дека ќе ги истражи обвинувањата.

Додека истрагата е сè уште во тек, Смит рече дека компанијата открила „докази што ги потврдуваат некои од елементите на информациите на „Гардијан“. Тој додаде дека станува збор за користење на услуги за вештачка интелигенција и пристап до капацитетот за складирање на „Азур“ во Холандија.

Смит, исто така, рече дека Мајкросрофт е „фокусиран на тоа да се осигура дека нашите услуги не се користат за масовно набљудување на цивили“. Израелското Министерство за одбрана е информирано за одлуката, додаде тој.