Connect with us

Скопје

Костовски: Потпорниот ѕид во Радишани на улица 50 во завршна фаза

Денес вршам увид на работните активности на ветениот потпорен ѕид и во оваа прилика сакам да се извинам на граѓаните, особено на граѓаните од Радишани, што овој проект не се изведе толку брзо колку што беше ветен.

Но, она што е важно е што за многу кусо време ќе го имаме во финална верзија и сепак дадениот збор ќе биде одржан.

Се одолговлечи овој проект заради проблеми со техничката документација поврзана со проектот. Ни требаше навистина време за да изготвиме нов проект, затоа што имаше одредени технички грешки коишто гарантираа неправилна изведба. Но, сега тоа е отклонето и за многу брзо време ќе добиеме квалитетен потпорен ѕид на улица 50.

Нека е аирлија!