Connect with us

Свет

Германскиот канцелар ја критикува фундаменталната промена во политиката на САД

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги критикуваше Соединетите Американски Држави дека повеќе не ги почитуваат правилата, оценувајќи дека тоа претставува дел од фундаментална промена во политиката на транс-атлантскиот партнер на Европа.

– Правилата повеќе не се почитуваат, парламентарната демократија е под притисок, слободата на изразување е доведена во прашање, а независноста на судството се потиснува, изјави Мерц на конференција во Берлин.

Тој нагласи дека овие промени се случувале со години и нема да исчезнат веднаш по следните избори. – Ова го кажувам со најголемо жалење, рече германскиот канцелар.

– Гледајќи вести секој ден, во многу делови од светот повеќе не е „дадено“ дека државите се придржуваат кон правилата, законите, договорите и нивните меѓународни обврски, додаде Мерц.

Тој предупреди и на зависноста на Германија од американски софтвер, повикувајќи Европа да се фокусира повеќе на дигиталниот суверенитет и сопствени дата-центри.

– Сакам ние во Европа, не само во Германија, туку во Европа како целина, да станеме понезависни, заклучи канцеларот.