Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер со, очекувана, висока победа над Струга

Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер со победа го отвори 4.коло од Супер лигата. Битолчани без проблеми ја совладаа Струга со 45:24 (20:16). Неизвесно беше само во првите 18 минути, а потоа домашниот тим ја потврди фаворитската улога. Најефикасен на дуелот беше Рудолф Хакбарт со 9 голови, а Петар Атанасијевиќ постигна 8.

Со оваа победа Е.Пелистер изби на чело на табелата со 7 бодови, еден повеќе од Вардар, но и натпревар повеќе.

Сите други натпревари од оваа рунда се играат утре (сабота), а двојките се: Еурофарм Пелистер 2 – Охрид, Радовиш – Алкалоид, Прилеп – Пролет, МРК Куманово – Бутел и Тиквеш – Вардар.