Connect with us

Вести

Сиљановска – Давкова на средба со Ханрахан: – Охрабрува поддршката од Вашингтон за повеќе стратешки прашања

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, за време на работната посета на САД, во Њујорк оствари средба со Брендан Ханрахан, шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, со кого разменија ставови за повеќе актуелни прашања што се од заемен интерес.

– На состанокот со Ханрахан, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за eвропски прашања Орхан Муртезани го поздравивме нагорниот тренд во развојот на билатералните односи и разговаравме за областите каде што може да се направи дополнителен исчекор, рече Сиљановска – Давкова.

Во фокусот на разговорот бил потенцијалот за продлабочување на македонското стратешкото партнерство со САД.

-Охрабрува поддршката од Вашингтон за повеќе стратешки прашања како што се отворањето на енергетски коридори од интерес за двете земји и засилувањето на комерцијалната дипломатија. Ја потврдивме исклучително успешната соработка којашто произлегува од членството во Северноатланската Алијанса, додаде претседателката Сиљановска – Давкова.