Connect with us

Економија

Николоски: Километар од брзата пруга ќе чини околу 8,8 милиони евра, целиот проект околу 1,8 милијарди

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 рече дека километар од брзата пруга ќе чини околу 8,8 милиони евра.

Како што додаде, целиот проект ќе чини околу 1,8 милијарди.

„Првичната проценка е дека некаде 8,8 милиони евра по километар, финалното проектирање затоа што ќе одиме со заедничко проектирање и градба, тоа е тоа што сега модерниот свет го прави, да не работи еден проект, друг градба туку тоа го спојуваме во едно“, додаде Николоски.