Connect with us

Вести

„Факт е дека ДУИ се нудеше да влезе во оваа Влада, но ние го исполнивме ветувањето дека ќе одат во опозиција“, кажа Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 рече дека факт е дека ДУИ се нуделе да влезат во оваа Влада.

Како што додава, тие го исполниле ветувањето дека ДУИ ќе оди во опозиција.

„Факт е дека ДУИ сакаше да влезе во Владата со помалку позиции од оние што сега ги има Влен, и без никакви барања за разлика од барањата што ги имаше Влен“, вели Николоски.