Сервисни информации
Ангелов: Пожарот во депонијата во Арачиново е подметнат, имало фрлено голема количина сончоглед

„Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи“, изјави Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Ангелов кажа дека намерно запалениот сончоглед, предизвикал опожарување на дел од депонијата, и дека смрдеата од овој пожар се чувствува и во Скопје.
„Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје.
Гаснењето ќе биде сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново“, изјави Ангелов.
септември 26, 2025