Култура
Величествено дело кое ќе Ви го одземе здивот – „Реквием“ од Моцарт

„Реквием“ е последното и недовршено дело на Моцарт, создадено во последните месеци од неговиот живот и обвиено со мистерија и легенди.
Делото претставува музичка исповед, исполнета со драматични контрасти – од тивките молитвени моменти до експлозивните хорски сцени. Неговата длабока емоционалност и духовност ја водат публиката од болка и тага кон надеж и вечност.
Големата сцена на Македонската опера и балет, на 3 октомври, во 20 часот ќе оживее со енергијата на маестро Џанлука Мартиненги и магијата на солистите Биљана Јосифов, Николина Јаневска, Јане Дунимаглоски и Владимир Саздовски, придружени од хорот и оркестарот при МОБ.
🎟️ Обезбедете го своето место и бидете дел од оваа извонредна изведба: https://t.ly/RequiemMozart031025
Репертоарот за месец октомври, погледнете го овде: https://operabalet.mk/events/list/
За навремени информации, потсетници и ексклузивни содржини, ве покануваме да се приклучите на нашиот бесплатен Viber канал:
👉 https://t.ly/MOBViber