Свет
Најмалку едно лице загина во оружен инцидент во Далас

Најмалку еден човек загинаа, а тројца се повредени во денешниот вооружен инцидент што се случи пред теренската канцеларија на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) во Далас, соопшти в.д. директорот на ИЦЕ, Тод Лионс.
Тој додаде дека според првичните информации напаѓачот пукал со снајпер врз зградата на ИЦЕ.
Американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, објави дека осомничениот напаѓач починал од самонанесена прострелна рана.
Сè уште пристигнуваат детали, но можеме да потврдиме дека има повеќе повредени и загинати. Иако сè уште не го знаеме мотивот, знаеме дека нашите службеници на ИЦЕ се соочуваат со невидено насилство. Тоа мора да престане, објави Ноем на Икс.
ИЦЕ е федерална агенција во рамките на Министерството за внатрешна безбедност. Агенцијата идентификува, апси, притвора и депортира. ИЦЕ често соработува со други агенции како што се ФБИ, ДЕА и други во координирани операции насочени кон борба против трговијата со луѓе и елиминирање на нелегалните странци.
септември 25, 2025