Connect with us

Формула 1

На Гран при во Барселона повторно ќе има трибина посветена на Фернандо Алонсо

Организаторите на трката за Големата награда на Барселона во Формула 1 објавија дека повторно ќе има посебна трибина посветена на Фернандо Алонсо.

Трибината ќе има капацитет од 10.000 седишта и ќе се наоѓа во близина на 9. кривина.

Билетите за оваа трибина ќе се продаваат со попуст во споредба со останатите седишта.

Гран при Барселона-Каталонија 2026 е закажана да се одржи од 12 до 14 јуни. 

На трката на патеката „Каталуња“ во јуни година, трибината посветена на Алонсо беше исполнета со негови обожаватели. Двократниот шампион во Формула 1 е амбасадор на Барселона. Алонсо ужива многу респект кај Каталонците. 

Во меѓувреме, новата патека во Мадрид е подготвена да биде домаќин на Големата награда на Шпанија, закажана за 11 до 13 септември.