Свет
Москва и Техеран потпишаа меморандум за изградба на осум мали нуклеарни електроцентрали во Иран

Директорот на руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“, Алексеј Лихачев и директорот на иранската Организација за атомска енергија, Мохамед Еслами денеска во Москва потпишаа меморандум за разбирање за изградба на мали нуклеарни централи во Иран.
Еслами, кој е и вицепремиер, претходно најави дека е планирано да се изградат осум нуклеарни електроцентрали и оти Техеран се стреми до 2040 година да достигне нуклеарен капацитет од 20 гигавати.
Иран се соочува со недостиг на електрична енергија во месеците со најголема побарувачка, а има само една оперативна нуклеарна централа, во јужниот град Бушер, што е изградена е од Русија и има капацитет од околу еден гигават.
септември 25, 2025