Култура
Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Пресек за скулптурата над“ на Славчо Спировски

Во македонскиот КИЦ во Белград вечерва беше отворена изложбата „Пресек за скулптурата над“ од реномираниот македонски скулптор Славчо Спировски, во која ги обработува различните комбинации во „игрите“ на дефинирање на истражувањата поврзани за појавноста и егзистирањето на скулптурата денес со комбинации внатре-надвор, полно-празно, дело-изложбен простор.
Изложбата ја отвори директорот на КИЦ во Белград проф-др Васко Шутаров кој нагласи дека овој настан од медиумите може и да се наслови како – изложба на сезоната, сензационална, каде се нуди нешто исклучително и ново.
- Изложбата на Спировски е концептуална уметност, во која има експерименти со истражување во вајарството. Ова е една контемплативна, умна интелегентна ликовнаа концепција, полна со математика, полна со музика и полна со провокации, потенцира Шутаров.
За изложбата говореше и новинарот од Македонското радио, Тони Цифровски кој ќе го поздрави настанот и прочита дел од ликовната рецензија од Маја Чанкуловска-Михајловска.
– Во случајот, формално би бил опишан склопот на тие елементи како композиција од 15 објекти во класична форма и димензија на вообичаени галериски постаментишто формираатквадрат и 32 плохи постаневи на различни позиции во просторот. Авторот…ги позиционира објектите во насока на негово целосно осмислување и доживување и се презентирани со речиси математичка поставеност, наведе тој.
– За Славчо постаментот кој обично се дефинира како архитектонска потпора, е објект со особена уметничка провокација и со примарно значење во концептуалното истражување на проблемите на ликовноста.
Во рецензијата се додава дека Спировски со своите досегашни дела се потврдува како исклучително љубопитен и аналитичен автор кој со игра го деконструира „митот“ за скулптурата и одново го оформува на сопствен начин. Со тоа, тој создава своевиден метапростор за размилување и осмислување на многу прашања и комбинации.
Изложбата ќе биде отворена до средината на октомври.