Општини
Седум кандидати за градоначалник и 14 советнички листи во Куманово

Прифатени се седум кандидатури за градоначалник во Куманово, а една е отфрлена, наведуваат од Државната изборна комисија. За советот, прифатени се 14 листи, две независни, останатите на партии и коалиции.
Според податоците на ДИК, потврдена листата на ЛЕВИЦА и кандидатот Мирослав Петковиќ, на Движење ЗНАМ-За наша Македонија-Максим Димитриевски, „Искуство за успех“ Коалицијата на ЛДП, Виолета Арсовска, на Национална алијанса за интеграција предводена од ДУИ со кандидатот, Селвер Ајдини, листата на коалицијата предводена од СДСМ со кандидатот, Мартин Костовски, на Коалицијата Влен – Арбен Етеми, отфрлена е листата на група избирачи и кандидатот Нинослав Јакимовски и прифатена е листата на група избирачи на Горан Стојковски-Диро.
434 кандидати има за местото за 31 советник во Куманово, наведуваат од ДИК, има вкупно 14 листи. Прифатени се листите на група избирачи со носителот, Месут Бајрами, Левица-Виторио Зафировски, Движење ЗНАМ За наша Македонија со носителката Ивана Ѓорѓиевска, група избирачи Иван Петковски, Коалиција „За зелена иднина“ со носителот, Сретен Стојковски. Потврдена е и лисата на Македонска Ера Трета/ Македонски Независни Листи-Суверенисти со носителот, Марјан Пешевски, на МААК, Аца Јаневски, на „Искуство за успех“ со Тома Глигоријевски, НАИ со Блејрим Исени, на СДСМ со Томица Илиќ, „За Твоја Македонија“ предводна од ВМРО ДПМНЕ со носителот, Владимир Михајловски, ДПСМ со носителот, Иван Стоиљковиќ, Коалиција ВЛЕН со носителот Скендер Османи, „Единствена Македонија“ со Сунчица Павлова.
септември 24, 2025