Свет
Нападнат ГСП системот на шпански воен авион во близина на Калининград

Воениот авион, со кој патуваше шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес за Литванија, претрпе напад на ГПС системот.
Нападот врз ГПС сигналот е запрен благодарение на електронскиот одбранбен систем на авионот.
Инцидентот се случи кога авионот летал над Балтичкото Море, во близина на руската енклава Калининград.
Роблес во Литванија ќе ги посети шпанските сили стационирани таму како дел од мисијата на НАТО
септември 24, 2025