Connect with us

Култура

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен дел од тимот на македонскиот краток филм „Нова енергија“

Македонскиот краток филм „Нова енергија“ на Сара Климоска и Радован Петровиќ, предивика посебен интерес кај стручната јавност на ИФФК „Браќа Манаки“.

На прес – конференција во Битола, режисерите Климоска и Петровиќ истакнаа дека снимањето на филмот им бил голем предизвик и според нив успешно деби.

-Посебно задоволна сум од екипата со која работев и квалитетот на филмот се должи токму на тимот со кој работевме. Филмот се темели на вистински настан и можеби може да се каже дека како да подготвивме фамилијарен филм со сите што се приклучија во подготвката на филмот, рече меѓудругото режисерката Климоска, додека пак вториот режисер Радован Петровиќ нагласи дека успешно го испланирале и завршиле целиот процес за филмот „Нова енергија“.

Кинематографер во филмот е Бојана Андриќ од Србија. Инаку, оваа година Меѓународната краткометраажна програма носи смели гласови од целиот свет, од Европа, Азија, Америка и Австралија.