Connect with us

Општини

Мицкоски: Седум милиони евра за проекти за развојот на Штип

Повеќе од седум милиони евра се проектите коишто се финансираат директно од централниот буџет, а коишто треба да помогнат за развојот на Општина Штип, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска во Штип на отварањето на затворениот базен.

Тој посочи дека е убеден дека градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов како и до сега, така и во иднина ќе продолжи да реализира проекти за Штип и штипјани.

-Ова е еден од владините проекти од Министерството за спорт каде што има учество и општината, но најголем дел е од Министерството за спорт. Но, не е само ова, во првиот и во вториот јавен повик повеќе од седум милиони евра се проекти коишто директно се финансирани од централниот буџет, коишто треба да помогнат во развојот на Штип. Јас сум убеден дека градоначалникот, како и досега, така и во иднина, со вонредниот свој, би рекол, проектен менаџмент, ќе ги сработи овие проекти, и ќе додаде вредност во животот на Штип, изјави Мицкоски во Штип.