Свет
Индонезија и ЕУ потпишаа договор за слободна трговија

Индонезискиот министер за економија Ерланга Хартарто и европскиот комесар за трговија Марош Шефчович денеска на Бали потпишаа Сеопфатен договор за економско партнерство (ЦЕПА).
ЦЕПА ќе ја олесни трговијата помеѓу 27 земји-членки на ЕУ и најголемата економија во Југоисточна Азија.
– ЕУ и Индонезија испраќаат силна порака до светот дека сме обединети во нашата посветеност на отворена, на заснована на правила и заемно корисна меѓународна трговија, посочи Шефчович.
Потпишувањето на договорот беше пролонгирано поради проблемот со производите поврзани со уништувањето на шумите. Но, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни царини за многу земји беа интензивирани преговорите.
септември 24, 2025