Connect with us

Свет

ЕМА го демантира Трамп: Нема поврзаност помеѓу парацетамолот во бременоста и аутизмот

Европската медицинска агенција (ЕМА) денеска ги демантираше тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека употребата на парацетамолот за време на бременоста е поврзано со аутизам кај децата.

Нема потреба да се бара промена на сегашните препораки за употреба на парацетамол за време на бременоста. Достапните докази покажуваат дека нема врска помеѓу употребата на парацетамол за време на бременоста и аутизмот, се наведува во соопштението на ЕМА.

Со тоа се побиваат тврдењата на Трамп дека употребата на „Тајленол“ (Tylenol) за време на бременоста е поврзана со аутизам.

Медицинската агенција на Европската унија повтори дека парацетамолот може да се користи за време на бременоста и препорачува најниска ефективна доза.