Connect with us

Свет

Бела куќа: Блокиран елеваторот во ОН за Трамп; ОН: Можно е безбедносниот механизам да го активира неговиот снимател

Обединетите нации објавија дека елеваторот што го користел американскиот претседател Доналд Трамп нагло застанал поради безбедносен механизам што можеби го активирал неговиот снимател.

Снимателот се качувал по елеваторот наназад за да го снима пристигнувањето на американскиот претседател со првата дама Меланија Трамп и „можеби ненамерно активирал безбедносна карактеристика“ кога стигнал до врвот, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

За време на својот вчерашен говор од говорницата на ГС на ОН претседателот Трамп на шега се осврна на инцидентот велејќи: „Доколку првата дама не беше во добра форма, ќе паднеше“.

Белата куќа изрази загриженост дека некој намерно го запрел ескалаторот. 

„Доколку некој во ОН намерно го запрел елеваторот додека претседателот и првата дама се качуваа на него, треба веднаш да биде отпуштен и да се спроведе истрага“, објави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит на социјалната мрежа X.

Дужарик, од друга страна, изјави дека снимателот стигнал до врвот на ескалаторот додека претседателот и првата дама се качувале по скалите на дното. „Во тој момент, ескалаторот застана“.

Белата куќа сè уште не ги коментираше наодите на ОН. 

По проблемот со елеваторот, Трамп се соочил со дополнителни технички тешкотии додека го започнал својот говор пред Генералното собрание на ОН. Тој предупредил дека телепромтер не работи. „Можам само да кажам дека оној кој го управува овој телепромтер е во голема неволја“, рече тој.

Службеник на ОН подоцна изјави за Би-Би-Си дека Белата куќа во тоа време го управувала телепромтерот, носејќи ги своите лаптопи и поврзувајќи ги со системот на ОН. Службеникот објаснил дека тоа е затоа што знаеле колку брзо треба да се пренесе текстот до претседателот.